North Macedonia Program Updates

Speeches Shim

11-12-2018

Започнат во октомври 2017, проектот за поддршка на претприемничкото образование во Европа и Евроазија, спроведуван од страна на Џуниор Ачивмент Европа, има за цел е да ги инспирира и подготви младите луѓе да успеат во глобалната економија, преку развивање и спроведување на програми за претприемничко образование, финансиска писменост и креирање нови работни места. Проектот соработува со средношколци, студенти, наставници, родители и други  организации, бизнис секторот, финансиски институци и водечки фирми кои сакаат да го поддржат претприемничкото образование во Северна Македонија.

Др. Билјана Костовска прави очен преглед со мобилната опрема
28-11-2018

"Многу сум среќна што сум дел од оваа благородна мисија со моите колеги. Секогаш е забавно да се работи со деца, но да се биде во можност да им се помогне е многу добро чувство"

Ноември 2018 година - По осумчасовен работен ден на Клиниката за офталмологија во Систина во главниот град Скопје, д-р Билјана Костовска, волонтерски спроведува очни прегледи, како член на еден Лајонс клуб. Таа е една од најпознатите офталмолози во Македонија и лидер на 15 лекари кои волонтираат во спроведувањето бесплатни очни прегледи за деца меѓу 3-8 години.

Потпишување на Меморандум за соработка во Владата на СРМ
15-05-2018

Проектот за развој на регионални пазари на енергија е тригодишен проект кој започна во декември 2017 година и работи со Владата на Република Северна Македонија (ВРСМ) да го усогласи националното законодавство со политиките и регулативите на Европската Унија (ЕУ), и да гo транспонира  релевантото ЕУ законодавство во националното законодавство.

Читањето и пишувањето на Брајово писмо и овозможи на Барбара Василевска да учи со многу побрзо темпо Проект за деца со пречки во видот

По потекло  од Битола, мало градче во југозападна Македонија, на седумгодишната Барбара Василевска и беше дијагностицирана атрофија на oчните нерви. Нејзините родители беа многу загрижени за нејзиното образование и се прашуваа дали има соодветно училиште во кое ќе може да посетува настава во нејзиниот град, дали ќе може да се справи без дополнителна поддршка, и дали таа е единственото дете во Битола со овој проблем.

Фотографија од основачот на „Вори” и неговата сопруга во позадина на нивната палета на производи

Рецептот за намаз од мелени печени пиперки, наречен ајвар, има огромна препознатливост на пазарите во поранешна Југославија. Имајки ваков конкурентен производ, се очекува да биде едноставно за „Вори”, - еден од најголемите извозници на ајвар во Македонија - да пристапи до финансиски средства за проширување на производството и зголемување на извозот.

Pages