North Macedonia Program Updates

Speeches Shim

06-04-2020

СКОПЈЕ – Владата на Соединетите американски држави (САД) обезбеди 1,1 миллион американски долари за намалување на ширењето на COVID-19 во Северна Македонија. Преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), САД овие средтсва ги доделува на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за спроведување активности за поддршка на напорите на земјата да се справи со состојбата предизвикана од COVID-19.

Мирјана Македонска, директорка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и Кристијан Даниловски, ко-основач и извршен продуцент во FX3X го потпишуваат меморандумот за соработка
07-11-2019
Денеска, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и компанијата за анимација и визуелни ефекти FX3X отпочнаа соработка за унапредување на развојот на занимањата во индустријата за визуелни ефекти и дигитална анимација. Во рамките на тренинг центарот на FX3X, Проектот и компанијата ќе кофинансираат воведна обука за визуелни ефекти и дигитална анимација која ќе им помогне на учесниците да најдат вработување и да се пробијат во оваа брзорастечки индустрија.
Избори во Македонија
11-01-2019

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

Финансиран преку Меѓународната фондација за изборни системи, овој тригодишен проект, во вредност од 1.7 милиони американски долари, има за цел да го зајакне управувањето со изборите во Македонија и да го поддржува градењето капацитети на Државната изборна комисија (ДИК) за спроведување на изборите.

Вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Микаела Швајцер-Блум со наградените граѓани-новинари и екипата на "Топ тема на ваша страна"
19-12-2018

Денес, 19 декември 2018 година, Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го одбележаа завршувањето на Проектот на УСАИД „Топ тема на ваша страна“. Телма ТВ и МЦМС на овој настан ги објавија и победниците на четвртиот и последен конкурс за граѓанско новинарство на проектот. Вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Микаела Швајцер-Блум и главниот уредник на Телма ТВ Атанас Кировски се обратија на присутните и доделија признанија на десетте добитници на награди од четвртиот конкурс за граѓанско новинарство.

Амбасадорот на САД Џес Бејли на конференцијата за антикорупција
12-12-2018

За да го одбележи меѓународниот ден за борба против корупција, денес Платформата на граѓански организации за борба против корупција, со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество организираше конференција на тема: „Итни реформски приоритети: Зајакнување на институционалната рамка во борбата против корупцијата. Има ли напредок?“ во хотел Александар Палас во Скопје.

Pages