Press Release Shim
Speeches Shim
За итна објава
Денес, 19 декември 2018 година, Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го одбележаа завршувањето на Проектот на УСАИД „Топ тема на ваша страна“. Телма ТВ и МЦМС на овој настан ги објавија и победниците на четвртиот и последен конкурс за граѓанско новинарство на проектот. Вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Микаела Швајцер-Блум и главниот уредник на Телма ТВ Атанас Кировски се обратија на присутните и доделија признанија на десетте добитници на награди од четвртиот конкурс за граѓанско новинарство.
„Топ тема на ваша страна“ на Телевизија Телма, е една од најгледаните дебатни емисии во високо конкурентниот медиумски простор во Македонија и ќе продолжи да се емитува по завршувањето на финансиската поддршка од УСАИД како профитабилен модел на емисија што ќе служи како пример за самоодржливост во сферата на медиумите. За да продолжи да врши надзор над работењето на власта и транспарентност во медиумски простор, Телма ТВ ќе продолжи да промовира анализи и истражувања спроведени од граѓански организации, ќе ги презентира во јавноста и ќе ги користи нивните наоди за дебати базирани на факти преку дебатната емисија „Топ тема“.
Во нејзиниот говор, вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Микаела Швајцер-Блум ја нагласи важноста од професионални и независни медиуми кои ќе инсистираат на отчетност на институциите и на службениците истакнувајќи: „Во Соединетите Американски Држави, ја цениме улогата на контролен механизам што ја имаат медиумите со истражувањата, известувањата и проверката на прашањата поврзани со управувањето на државата. Навистина, силните медиуми се наоѓаат во срцето на нашата демократија". Таа додаде: „Амбасадата на САД е горда што ја поддржа дебатната емисија „Топ тема на ваша страна“.
УСАИД преку две-годишна соработка ги поддржа Телма ТВ и МЦМС кои воведоа нови форми на известување и дебатирање кои вклучуваат прашања од граѓаните испратени преку социјалните медиуми, дебати во живо од градовите низ целата земја и употреба на инфографици за прикажување на комплексни информации во формат кој е едноставен за разбирање. „Топ тема на ваша страна“ ќе продолжи со емитувањето на Телма ТВ и по завршувањето на поддршката од УСАИД. За повеќе информации за Топ Тема, посетете: https://telma.com.mk/kategorija/top-tema-na-vasha-strana/
БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ
Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 640 милиони долари во Македонија од 1993. УСАИД работи со граѓаните на Македонија за да создадат работни места, да ги зајакнат демократските институции и практики, да го подобрат интегрираното образование. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации посетете ја нашата веб http://macedonia.usaid.gov и Facebook страница http://www.facebook.com/USAIDMacedonia
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.