Macedonian flag

Соопштенија за медиумите

Јазик : English | Macedonian

Speeches Shim

09-06-2020 06:00

9 јуни, 2020 година, СКОПЈЕ - Соединетите Американски Држави преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), доделија дополнителни 450.000 американски долари за поддршка на Северна Македонија во борба против пандемијата COVID-19, со тоа достигнувајќи го својот вкупен придонес од 1,5 милиони американски долари.

Во партнерство со Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), овие дополнителни средства ќе бидат наменети за поддршка на:

● координација, планирање, следење, работење и логистика;

● кризна комуникација и вклучување на заедницата и

● управување со случаи и спречување и контрола на инфекции во здравствените установи.

Американската амбасадорка Кејт Брнз истакна дека „Американската влада е горда што ја канализира дарежливоста на американскиот народ да се бори против оваа пандемија заедно со нашите сојузници. Преку нашето партнерство со УНИЦЕФ, ќе ги зголемиме итните здравствени, хуманитарни и економски активности од владата, приватниот сектор и невладините организации, како и меѓународната заедница”.

Претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски и Министерката за финансии Нина Ангеловска потпишаа билатерален договор за соработка
14-05-2020 11:00

СКОПЈЕ – 14 мај, 2020 – Денеска американската амбасада соопшти дека обезбеди 16 милиони американски долари за Северна Македонија наменети за намалување на корупцијата, подобро интегрирање на младите во општеството и зголемување на економската конкурентност. Претставникот на Канцеларијата на УСАИД Ерик Јановски и министерката за финансии Нина Ангеловска го потпишаа договорот преку кој ќе се поддржат:

06-04-2020 11:15

СКОПЈЕ – Владата на Соединетите американски држави (САД) обезбеди 1,1 миллион американски долари за намалување на ширењето на COVID-19 во Северна Македонија. Преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), САД овие средтсва ги доделува на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за спроведување активности за поддршка на напорите на земјата да се справи со состојбата предизвикана од COVID-19.

Мирјана Македонска, директорка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и Кристијан Даниловски, ко-основач и извршен продуцент во FX3X го потпишуваат меморандумот за соработка
07-11-2019 11:45
Денеска, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и компанијата за анимација и визуелни ефекти FX3X отпочнаа соработка за унапредување на развојот на занимањата во индустријата за визуелни ефекти и дигитална анимација. Во рамките на тренинг центарот на FX3X, Проектот и компанијата ќе кофинансираат воведна обука за визуелни ефекти и дигитална анимација која ќе им помогне на учесниците да најдат вработување и да се пробијат во оваа брзорастечки индустрија.
Конференција за факторинг
14-05-2019 10:30

Денес, 14-ти мај 2019 година, Проектот на УСАИД за Факторинг, имплементиран од Фактор Труст, во соработка со Меѓународната организација за факторинг, Factor Chain International, Стопанската комора на Македонија и Македонската банкарска асоцијација ја одржа својата Прва регионална конференција за факторинг како алтернативен начин на финансирање.  Целта на оваа конференција е да го зголеми разбирањето за факторингот како алтернативен извор на финансирање кај компаните и пошироката јавност и да ги упати домашните финансиски институции кои работат со факторинг да ги применат најдобрите практики

Гречен Биркл ја препозна важноста за развојот на заеднички решенија преку јавниот-приватен дијалог
20-03-2019 11:45

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива беше домаќин на два форуми - еден во Тетово и еден во Скопје – на кои се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат домашните компании при ангажирање квалификувани работници во Северна Македонија. Форумот се осврна на новите мерки за зголемување на вработеноста и квалификациите на младите професионалци кои влегуваат на пазарот на трудот.

Гречен Биркл, вршителка на должност претставник на УСАИД во Македонија
12-02-2019 11:15

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, имплементиран во партнерство со четирите главни стопански комори во земјава, одржа презентација за годишната оценка на деловното опкружување во Македонија за 2018 година.

Вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Микаела Швајцер-Блум со наградените граѓани-новинари и екипата на "Топ тема на ваша страна"
19-12-2018 13:15

Денес, 19 декември 2018 година, Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го одбележаа завршувањето на Проектот на УСАИД „Топ тема на ваша страна“. Телма ТВ и МЦМС на овој настан ги објавија и победниците на четвртиот и последен конкурс за граѓанско новинарство на проектот. Вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Микаела Швајцер-Блум и главниот уредник на Телма ТВ Атанас Кировски се обратија на присутните и доделија признанија на десетте добитници на награди од четвртиот конкурс за граѓанско новинарство.

Амбасадорот на САД Џес Бејли на конференцијата за антикорупција
12-12-2018 13:30

За да го одбележи меѓународниот ден за борба против корупција, денес Платформата на граѓански организации за борба против корупција, со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество организираше конференција на тема: „Итни реформски приоритети: Зајакнување на институционалната рамка во борбата против корупцијата. Има ли напредок?“ во хотел Александар Палас во Скопје.

Повеќе од 200 ученици и наставници од основните училишта ширум земјата присуствуваа на прославата и учествуваа во едукативни активности
16-05-2018 12:30

Денеска, на 16ти мај, 2018 година, Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ беше домаќин на настанот „Олимпијада за читање и математика“ на сцената „Школка“ во Градскиот парк во Скопје. Повеќе од 200 ученици и наставници од основните училишта ширум земјата присуствуваа на прославата и учествуваа во едукативни активности. Учениците имаа прилика соработувајќи со своите соученици да решаваат интерсни математики и читачки предизвици, а нивните наставници споделуваа најдобри практики за поучување математика и јазик со своите колеги од другите училишта.

Pages