Macedonian flag

Информирани граѓани

Јазик : English | Macedonian

Speeches Shim

Дебата за младинско вклучување за заеднички цели
Дебата за младинско вклучување за заеднички цели
Проект на УСАИД за граѓанска вклученост

ПРЕДИЗВИК 

Информирани граѓани се основата за одржување на едно успешно и силно демократско општество.  Две години пред изборот на актуелната Влада, македонската медумска индустрија беше под контрола на тогашната власт а граѓанското општество беше под силен притисок при изнесувањето на факти и вистини за власта. Состојбата сега е значително подобрена, но сепак медиумската индустрија е сеуште подложна на влијанија од власта, и недостига професионализам и не е финансиски одржлива. Покрај тоа, стапката на медиумска писменост е меѓу најниските во регионот во време кога сериозни кампањи за дезинформирање земаат замав. Граѓанските организации сега можат послободно да работат, но сепак се зависни од финансирање од странски фондови.

ПРОЕКТНИ ОБЛАСТИ 

Граѓанско учество 

Помошта на УСАИД има цел да ја зајакне врската помеѓу граѓаните и власта преку поддршка на граѓаните , младите и  граѓанското општество конструктивно да се ангажираат во носење политики и адресирање прашања од јавен интерес и преку обезбедување на можности за младите да креираат и спроведуваат локални активности како придонес за општините. УСАИД ги поддржува иницијативите предводени од локалните организации и младите за унапредување на важни јавни политики, за подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење и придонес кон подобрување на животните стандарди за сите во државата. УСАИД исто така ги поддржува активностите на граѓанските интересни групи кои се стремат да ги поттикнат и зајакнат капацитетите на граѓаните со различни политички убедувања да земат учество во заеднички активности што даваат видливи резултати во локалните заедници и го унапредуваат нивното поврзување при застапувањето на граѓанските интереси.

НЕЗАВИСНОСТ НА МЕДИУМИТЕ И ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ

За да се зголеми професионализмот и независноста на медиумите, УСАИД спроведува низа програми со кои се развива професионално, базирано на факти и истражувачко новинарство; се поттикнува продукција на балансирана, забавна и непристрасна телевизиска содржина која што ги анализира и презентира главните социјални проблеми во Северна Македонија.