Speeches Shim
ПРЕДИЗВИК
Република Северна Македонија ја надмина тешката политичката криза од 2001 година. Извештајот на Европската комисија за 2017 година за напредокот на Северна Македонија ги истакнува промените во политичката атмосфера како отворени и инклузивни, позитивните промени поврзани со постепеното враќање на контролните механизми и зајакнувањето на демократијата и владеењето на законот. Сепак, парламентот треба да ги зголеми своите надзорни и законодавни функции, а извршната власт треба да помогне во спроведувањето на својата амбициозна реформска агенда. Помошта на УСАИД во однос на доброто владеење е насочена кон решавањето на овие проблеми како и кон поддршка на државатада ги исполни условите за пристапување кон НАТО и кон Европската унија.
ПРОЕКТНИ ОБЛАСТИ
ПОЛИТИЧКИ ПРОЦЕСИ
Помошта на УСАИД во овој дел е насочена кон зајакнување на капацитетот на парламентот за изготвување на легислативата, вршење надзор и претставничка улога и ангажирање со извршната власт, организациите на граѓанското општество и изборните единици. УСАИД исто така обезбедува техничка подршка на Државната изборна комисија (ДИК) да ги подобри изборните процеси, да се развие како организација, да воведе информатичка технологија, да развие правно одделение, да воспостави систем за решавање на правни поплаки и спорови, да ги подобри избирачките списоци и да спроведе едукација и теренски активности. Конечно, УСАИД им помага на политичките партии да ја подобрат нивната внатрешна и надворешна комуникација, да воспостават теренски активности и да усвојат подемократски механизми кои ќе им овозможат на членовите на партиите да бидат повеќе вклучени во партиските политички платформи и препораки за зајакнување на извршната власт.
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИЗВРШНАТА ВЛАСТ
УСАИД соработува со извршната власт на Владата на Северна Македонија со цел да развие практики на добро владеење за спроведување на приоритетни реформи, ангажирање со граѓаните, координирање со министерствата и меѓународната заедница, отчет за постигнувањата и обезбедување на основни услуги кон граѓаните. Во 2018 година, УСАИД подготвува дополнителна активност за да и помогне на Владата на Северна Македонија да го подобри обезбедувањето на услуги кон граѓаните и да ги исполни главните реформски обврски, преку помагање на избраните министерства во однос на стратешко планирање и помош за градење капацитети.
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.