УСАИД ги поддржува граѓанските организации во борбата против корупција во Македонија

Press Release Shim

Speeches Shim

Амбасадорот на САД Џес Бејли на конференцијата за антикорупција
Емина Нурединоска, Раководител на сектор за граѓанско општество во МЦМС, Марко Трошановски, Претседател на Институтот за демократија Societas Civilis, амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли и Сабина Факиќ, програмски директор во Центарот за граѓански комуникации на конференцијата за борба против корупцијата
Проект на УСАИД за граѓанско општество

За итна објава

среда , 12 декември , 2018

За да го одбележи меѓународниот ден за борба против корупција, денес Платформата на граѓански организации за борба против корупција, со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество организираше конференција на тема: „Итни реформски приоритети: Зајакнување на институционалната рамка во борбата против корупцијата. Има ли напредок?“ во хотел Александар Палас во Скопје. На конференцијата присуствуваа претставници од владата, јавните институции, медиумите и претставниците од граѓанското општество и дискутираа за координирани напори за борба против корупцијата во Македонија. Во рамки на конференцијата се одвиваа повеќе панел дискусии на теми како предизвици во зајакнување на институционалната рамка, процесот на избор и именување на судиите, јавните обвинители, членовите на регулаторните и надзорните органи, и улогата на граѓанските организации во борбата против корупцијата.

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли се приклучи на третата и последна панел дискусија на конференцијата. Во своите забелешки тој ја потврди посветеноста на Соединетите Американски Држави да и помогнат на Македонија да изгради транспарентни, одговорни институции и да ги зајакне системите за кривична правда со цел барање на одговорност за корупцијата. "Граѓанското општество и независните медиуми се критични партнери, бидејќи застапувањето и надзорот на граѓаните се клучни за одржување на одговорноста на владите за завршувањето на социјалниот договор", рече амбасадорот Бејли.

Меѓу другите говорници на конференцијата беа и Министерката за правда Рената Дескоска, Пратеник во Собранието на Република Македонија, Павле Богоевски,  Генерален секретар на Државна комисија за спречување корупција, Розета Трајан и Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Конференцијата беше организирана од Транспаренси Интернешнл-Македонија во рамки на  зајакнувањето на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, која вклучува 16 граѓански организации. Оваа иницијатива е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество кој се стреми да го зајакне капацитетот на граѓанските организации и младинските групи за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење како и да придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија.

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 640 милиони долари во Македонија од 1993. УСАИД работи со граѓаните на Македонија за да создадат работни места, да ги зајакнат демократските институции и практики, да го подобрат интегрираното образование. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации посетете ги http://macedonia.usaid.gov и Facebook страница http://www.facebook.com/USAIDMacedonia.