Speeches Shim
ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА РАЗВОЈ НА РЕГИОНАЛНИ ПАЗАРИ НА ЕНЕРГИЈА?
Проектот за развој на регионални пазари на енергија е тригодишен проект кој започна во декември 2017 година и работи со Владата на Република Северна Македонија (ВРСМ) да го усогласи националното законодавство со политиките и регулативите на Европската Унија (ЕУ), и да гo транспонира релевантото ЕУ законодавство во националното законодавство. Главна цел на Проектот е да го унапреди деловното опкружување во енергетскиот сектор, и да обезбеди правна рамка за отворен, транспарентен и динамичен пазар на енергија и подобри енергетски услуги за домаќинствата и индустријата, со што ќе се зајакне енергетската сигурност на земјата.
Проектот обезбедува техничка помош на ВРСМ целосно да го усогласи националното законодавство со Третиот енергетски пакет на ЕУ и барањата на Енергетската заедница (ЕЗ), и со Директивата на ЕУ за енергетска ефикасност, како и поедноставување на процедурите за инвестирање во обновливи извори на енергија (ОИЕ) и воведување на нови мерки за поддршка на ОИЕ на транспарентен и недискриминаторен начин, преку пазарно засновани процедури.
ШТО Е ОСТВАРЕНО ДОСЕГА?
- Во мај 2018 година, Парламентот на Република Северна Македонија, го усвои новиот Закон за енергетика, којшто е целосно усогласен со Третиот енергетски пакет на ЕУ.
- Енергетската заедница ги прекина двата процеси што се водеа против Северна Македонија, и го повлече образложеното мислење кое беше поднесено до Министерскиот совет на ЕЗ, веднаш после усвојувањето на новиот Закон за енергетика.
- Изготвен е сет на подзаконски акти за обновлива енергија со кои што се воведуваат нови мерки за поддршка со цел на зголемување на инвестициите во ОИЕ.
- Обезбедена е поддршка на ВРСМ за изготвување на правилата и за спроведување на конкурентна тендерска постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија, со што Северна Македонија стана прва земја членка на ЕЗ што спроведе ваква постапка.
- Изготвена е национална регулатива за сертификација на операторите за пренос на електрична енергија и на гас.
- Изготвена е национална регулатива за компензација на штети на производителите и потрошувачите на електрична енергија, предизивикана од прекини во електропреносниот и дистрибутивниот систем.
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.