Speeches Shim
Август 2018 година – Рецептот за намаз од мелени печени пиперки, наречен ајвар, има огромна препознатливост на пазарите во поранешна Југославија. Имајки ваков конкурентен производ, се очекува да биде едноставно за „Вори”, - еден од најголемите извозници на ајвар во Македонија - да пристапи до финансиски средства за проширување на производството и зголемување на извозот.
Сепак, сложените услови кои ги наметнуваат банките, особено го отежнуваат пристапот до финансии на малите и средни бизниси во Македонија. Ваквата поставеност на банките ги намалува можностите на компаниите да инвестираат во своите суровини, производство, работна сила и извозни активности.
Според Јорданка Ристова, управителката на „Вори”, "Странските купувачи ги диктираат условите на производство. Тие бараат да се инвестира во опрема со која што ние како добавувачи ќе ги исполниме стандардите барани на меѓународниот пазар. За ваквите инвестиции потребни се поголеми суми на финансиски средства со дополнителни обезбедувања, по неповолни услови на финансирање".
За надминување на овој проблем и други ограничувања кои го отежнуваат развојот на малите претпријатија во Македонија, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем поддржува 37 финансиски консултанти. Овие финансиски консултанти соработуваат со микро, мали и средни компании во олеснување на нивниот пристап до изворите на финансирање на македонскиот финансиски пазар. Работејќи со еден ваков консултант, Ристова успеа од банката да добие соодветна и поволна понуда за кредитирање на нејзиниот бизнис.
„Тешко е да се снајдете во комплексните банкарски процедури и барања коишто важат за мали и средни компании. Со помош на финансискиот консултант, конечно бев во можност рамноправно да разговарам за реструктуирање на кредитот кој ми беше потребен".
„Вори”, е една од 114-те компании кои добиле помош од финансиски консултант во изминатите девет месеци од работењето на Проектот. Овие консултанти им помогнаа на компаниите да пристапат до 23,6 милиони долари од разни финансиски институции, што резултираше со инвестиции во износ од 28,2 милиони долари и создавање на 510 нови работни места.
Проектот на УСАИД, кој започна во 2017 година, продолжува да ја промовира вредноста од користење на услугите на финансиските консултанти во надминување на финансиските и другите деловни предизвици. Со поддршка за создавање на одржлив деловен екосистем, проектот има за цел постепено да ја намали зависноста на приватниот сектор од донаторска и владина помош.
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.