Macedonian flag

РЕДАКЦИЈА

Јазик : English | Macedonian

Speeches Shim

Конференција на УСАИД за млади лидери во Македонија
30-03-2018

Денес, 30 март, 2018, УСАИД беше домаќин на конференција за млади лидери на тема Патот на Македонија од развој до самоодржливост во кино Фросина - Младински културен центар (МКЦ) во Скопје.

 

Проект за факторинг
27-03-2018

Денес, на 27-ми март, 2018 година, Проектот на УСАИД за факторинг во соработка со Стопанската комора на Македонија, ја одржа својата прва конференција за факторинг како финансиско решение кое овозможува раст на малите и средни претпријатија. На конференцијата учествуваа претставници од деловните и финансиски  здруженија, регулаторните институции, организации за поддршка на бизниси, мали и средни претпријатија и медиуми со цел да се зголеми разбирањето за факторингот.

20-03-2018

Претставникот на УСАИД во Македонија, Дејви Атебери, даде интервју за списанието Економија и бизнис по повод оддбележувањето на 25 годишнината од работењето во Македонија и проектите на УСАИД за поддршка на економскиот развој и просперитет, јакнењето на демократските вредности и институции во земјава. Прочитајте го целото интерју на следниот линк:

http://ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?id=22000

Отварање на ХубИТ
07-03-2018

Денес, 7-ми март, 2018 год. Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија организира завршен настан и официјална промоција на ХабИТ – првиот центар во Македонија и во регионот што ќе нуди услуги на млади лица со попреченост и ќе ги оспособи да можат да започнат кариери во ИТ секторот. Исто така, центарот ќе обезбедува услуги за компании за да ја зголемат пристапноста на своите услуги и производи.

CEED Hub Skopje opening at a New Location
26-01-2018

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Центарот за развој на менаџери и претприемачи - ЦЕЕД Македонија, го отвори CEED Hub Скопје на нова локација – кампусот на Машински факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Скопје.

Pages