Press Release Shim
Speeches Shim
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија кофинансиран од Владата на Швајцарија го отвори CEED Hub Skopje на нова локација
За итна објава
Денес, на 26 јануари, Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Центарот за развој на менаџери и претприемачи - ЦЕЕД Македонија, го отвори CEED Hub Скопје на нова локација – кампусот на Машински факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Скопје.
Претставникот на канцеларијата на УСАИД во Македонија, Г-дин Дејвид Аттебери, Амбасадорот на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада, Директорот на CEED Hub, Ѓорѓи Кушевски, Деканот на Машинскиот факултет Дарко Данев и Вицепремиерот на Владата на Република Македонија Кочо Анѓушев, како и Сашко Крстевски од СОЛЕ Комуникејшн, корисник на проектот, дадоа кратки изјави.
Во своето излагање, Претставникот на канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атербери, рече: "Досега, повеќе од 50 потенцијални претприемачи имаат корист од Пред-акцелераторските и Акцелераторските програми што ги нуди Хабот, од кои 11 веќе добиле инвестиции од проектот во износ од 66.000 долари за да започнат свои компании ". Тој додаде " Со тоа што се наоѓате токму онаму каде што се наоѓаат студентите, сигурно ќе охрабри повеќе млади луѓе да дојдат во CEED Hub и да научат за многуте можности што ги нуди. Студентите можат да ги градат своите теоретски знаења со деловни вештини и да ги претворат иновативните идеи во производи и услуги што може да се понудат на пазарот преку новите стартапи развиени овде. "
Швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада истакна: "Претприемачите понекогаш мислат дека единствено што им недостасува да ги реализираат своите планови се пари. Но, во реалноста, менторството и обучувањето на искусни врсници и експерти за развој на бизнисот е подеднакво, или уште поважно. CEED Hub Skopje нуди и менторство и пристап до финансирање и овој пристап се покажа како многу ефикасен ".
Во своето излагање, вицепремиерот Кочо Анѓушев му се заблагодари на УСАИД за својата посветена работа во Македонија во изминатите 25 години. Тој истакна: "Деведесет и осум проценти од компаниите во Македонија се мали и средни претпријатија. Затоа, оваа година владата ги зголеми средствата за Програмата за економски развој за 46 отсто во три столба, еден за поддршка на мали и средни претпријатија и млади луѓе кои сакаат да станат претприемачи и да останат во земјата ".
Настанот заврши со мала изложба на производи од неколку учесници во проектот.
CEED Hub Скопје е основан во февруари 2016 година како дел од Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија ко-финансиран од Владата на Швајцарија; досега преку 600 лица имаат корист од неговите услуги и преку него се организирани повеќе од 150 едукативни и социјални настани.
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.