Press Release Shim
Speeches Shim
За итна објава
Денес, 7-ми март, 2018 год. Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија организира завршен настан и официјална промоција на ХабИТ – првиот центар во Македонија и во регионот што ќе нуди услуги на млади лица со попреченост и ќе ги оспособи да можат да започнат кариери во ИТ секторот. Исто така, центарот ќе обезбедува услуги за компании за да ја зголемат пристапноста на своите услуги и производи. ХабИТ беше основан од Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија и дополнително награден како успешен концепт за социјално претприемништво од проектот на Европска Унија„Смарт старт“.
Овој проект на УСАИД поттикна социјална инклузија на млади лица со попреченост на пазарот на трудот преку нивно интегрирање во брзо растечкиот сектор на информатичката технологија во земјава. Проектот беше имплементиран од фондацијата „иВоте“ во соработка со „Отворете ги прозорците“ и „Здруженито на студенти и млади лица со попреченост“ во Македонија.
Во своето обраќање, амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли рече: „Ние сме горди на нашите учесници на проектот на УСАИД за Социјална инклузија преку технологија бидејќи тие ги разбија митовите и му покажаа на бизнис секторот дека младите луѓе со попреченост можат да бидат вработени и целосно да придонесуваат во брзо растечкиот сектор на информатичката технологија во Македонија“.
,,Ги поздравувам проектите со кои се јакне потенцијалот на лицата со попреченост и компаниите кои ги вработуваат овие лица. Министерството за труд и социјална политика обезбеди дополнителна поддршка за креирање работни места за лица со попреченост во 2018 година, а работиме и на отворање на два центри за работно - ориентирана рехабилитација'' – рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија е проект кој траеше една и пол година и создаде онлајн платформа за учење со 20 целосно пристапни курсеви за бизнис вештини, меки вештини и основни информатички технологии комбинирани со менторство и практично искуство за младите лица со попреченост во селектирани ИТ компании. Досега, „АССЕКО“, „ЦЕФЕ Македонија“, „иВоте“, „Њу момент“, „Арс ламина“, „ТВ Протел“, „Секјуриком Мултисервис Интернешнл“, „ДНС Продукција“, „Спорт лајф“ и „Тинекс“ ги отворија своите врати за практиканти и вработување на млади лица со попреченост. Компаниите кои се заинтересирани за партнерство со ХабИТ може да ја контактираат Марија Арменски на marija.armenski@ivotefoundation.org.
Белешка до уредниците:
Оваа година УСАИД ја одбележува 25 годинишнината од своето работење во Македонија. Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано над 610 милиони долари во Македонија од 1993. УСАИД соработува со граѓаните на Македонија за да создадат работни места, да ги зајакнат демократските институции и практики, да го подобрат интегрираното образование и да ги подготват учениците за современиот пазар на труд. Овие иницијативи, во партнерство со граѓаните на Македонија, имаат за цел да го подобрат квалитетот на живеење во Македонија. За повеќе информации посетете ја нашата веб http://macedonia.usaid.gov и Facebook страница http://www.facebook.com/USAIDMacedonia
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.