Macedonian flag

Демократија и добро владеење

Јазик : English | Macedonian

Speeches Shim

УСАИД промовира поголема вклученост на граѓаните во политичките процеси и институциите
УСАИД промовира поголема вклученост на жените во политиката

ПРЕДИЗВИК

Република Македонија мирно се одвои од Југославија во 1991 година. Сепак, допрва треба да ги комплетира политичките и економските реформи потребни за европската интеграција. Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2016 година посочи голем број прашања кои земјата мора да ги реши, вклучувајќи ги слабите механизми за постигнување на рамнотежа помеѓу извршната, законодавната и судската власт, владеење на правото и заштитата на човековите права како и независноста на медиумите и слободата на изразување. Најновиот извештај на "Фридом хаус" за земји во транзиција ја нотираше Македонија од "полуконсолидирана демократија" во држава со "преодна влада или хибриден режим". Индексот за слободата на медиумите за 2016 година ја рангираше Македонија на 118-тото место од вкупно 180 земји. Помошта на УСАИД за подобрување на демократијата е фокусирана на поддршката за Македонија да се справи со некои од овие прашања додека се подготвува за членство во ЕУ и за пристапување во НАТО.


ПРОЕКТНИ ОБЛАСТИ

Владеењето на правото и човековите права

УСАИД работи на унапредување на заштита на човековите права и унапредување на владеење на правото во Македонија. Активностите во оваа област вклучуваат:

Заштита на човековите права преку развивање на група на адвокати за човекови права; обезбедување судски постапки и застапеност на прекршувањата на човековите права во домашните судови и Европскиот суд за човекови права; зајакнување на улогата на организациите на граѓанското општество во промовирање и заштита на човековите права; и развивање на соодветна правна заштита за жртвите на родово насилство и дискриминација, вклучително и семејно насилство, сексуални напади и трговија со луѓе.

Заштита на правата на ранливите групи на мигранти и бегалци преку зголемување на разбирање и знаење на владата и граѓанското општество за принципите на Конвенцијата на УНХЦР и меѓународните закони за човекови права.

Промовирање на инклузијата на членовите на ЛГБТИ заедницата во општеството преку подигнување на јавната свест за нивните потреби, градење на платформи за борба против говорот на омраза и обезбедување на безбедно место за ранливите членови на заедницата.

 

Политички процеси

Преку зголемување на политичките компетенции и отчетност, УСАИД промовира поголемо учество на граѓаните во политичките институции и процеси. УСАИД соработува со сите политички партии во земјата за да ги зголеми нивните капацитети и способност да ги ангажира своите членови, политичките симпатизери и пошироката јавност ангажирани во донесувањето и водењето политики од јавен интерес како и барање одговорност за нивната имплементација; да ги подобрат капацитетите на организациите на граѓанското општество за ангажирање во политиката и застапување во законодавтсвото; и да ја зајакне способноста на парламентот поефикасно да ги извршува своите законодавни и надзорни функции. Покрај тоа, УСАИД тесно соработува со Државната изборна комисија за да обезбеди подобри услови за слободни и фер избори.

 

Граѓанско општество и медиуми

УСАИД им помага на граѓаните да обезбедат механизми за постигнување на рамнотежа помеѓу извршната, законодавната и судската власт, како и отчетност на владата но и да овозможат поголема проактивност на граѓанското општество и негова поголема ефикасност преку промовирање на независни медиуми што го зголемуваат пристапот на јавноста, свеста и ангажирањето на теми од јавен интерес.

УСАИД ги поддржува граѓанските организации и младинските групи во напорите за подобрување на нивните заедници и работи на промовирање на дијалогот, зајакнување на лидерските капацитети и обезбедување можности за учество во јавниот живот и процесите на донесување одлуки за прашања кои влијаат на македонското општество.

 

Избрани резултати од 1993 година

Преку проектите за демократија и добро владеење УСАИД придонесе за:

  • Зголемување на  финансиска независност на општините преку воведување финансиски ревизии, кредитен рејтинг и општински заеми.
  • Развивање и имплементација наНационалната стратегија за борба против корупцијата.
  • Автоматизирање на систем за управување со судски предмети и буџетски системи.
  • Унифицирање  и модернизирање на општинска финансиска и даночна администрација во сите 84 општини.
  • Одржување на  јавни презентации, тркалезни маси и дебати за промовирање на различности и меѓуетничка интеграција.
  • Обука на  над 3.000 изборни набљудувачи
  • Слободни и фер избори во сите циклуси од 2002 до 2016 година
  • Основање на Македонскиот институт за медиуми (МИМ)
  • Донесување на новите закони за судовите, спроведувањето, судскиот совет, граѓанската постапка, парламентот и невладините организации
  • Воспоставување на сигурен систем за спроведување на одлуките на граѓански суд.