ПРОГРАМА НА УСАИД ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА НЕЗАВИСНИТЕ МЕДИУМИ ВО МАКЕДОНИЈА, ПРОЕКТ: ОДГОВОРНИ МЕДИУМИ И ЗАКОНОДАВНИ РЕФОРМИ ВО МЕДИУМСКАТА СФЕРА

Speeches Shim

Датум на започнување:  19 ноември 2012          
Датум на завршување:  19 ноември 2015
Буџет на проектот:  $ 488,268        
Имплементатор:  Центар за развој на медиуми (ЦРМ) 

Цели

Целта на Програмата е зголемување на легитимитетот на медиумите и зајакнување на слободата на изразувањето преку оспособување на новинарите за намалување на ранливоста од политичко, економско и законско застрашување. Програмата се состои од три проекти:

  1. Сервис за проверка на фактите во медиумите
  2. Истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанското општество
  3. Одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера

Проект 3

Проектот за одговорни медиуми и законодавна реформа во медиумската сфера има за цел да го промовира спроведувањето на законодавни реформи што ќе водат до создавање на одржлива медиумска средина. Проектот ќе охрабрува целосна примена на усвоените закони и прописи што се однесуваат на медиумите во Македонија. Проектот се фокусира на квалитетот на законите и обезбедува алатки за лобирање и заговарање на промени во законите заради нивно усогласување со признатите меѓународни стандарди на полето на слободата на изразувањето.


Очекувани резултати/Влијание

  • Ќе се воспостави систем за редовно следење и известување за примената на правната рамка. Ќе се дополни правната рамка за да соодветствува на меѓународните стандарди. Ќе се примената релевантните закони и стратегии.
  • Ќе се основа здружение на нови медиуми, што ќе ги вклучи и блогерите, порталите и социјалните медиуми. Со прераснувањето на новите медиуми во клучен извор на информации во општеството, компонентата ќе обезбеди платформа за одржлив развој на иницијативите за основање на нови медиуми, со фокус на преносот на знаења и развој на бизнис-модели што ќе ја подобрат одржливоста на новите медиуми, вклученоста на граѓаните во создавањето на содржини, и промоција на дигиталниот активизам.

Информации за контакт

Контакт во УСАИД: Слаѓана Србиноска, АОР ssrbinoska@usaid.gov
Раковбодител на програмата:  Јасна Андоновска, jasna@mdc.org.mk
Службеник за комуникации:  Дејан Георгиевски, dejan@mdc.org.mk
Веб страна:  http://www.mdc.org.mk/