ПРОЕКТ ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА И ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Speeches Shim

Датум на започнување: 15 август 2012 г.
Датум на завршување:  14 август 2014 г.
Буџет на проектот:  $ 292,536
Имплементатор:  My Career (Моја кариера)

Цели

Да се зголеми учеството на лицата со попреченост во македонското општество преку обезбедување можности за практикантска работа и вработување како и да се поттикнат позитивни промени во перцепцијата и ставовите кон лицата со попреченост во приватниот сектор и јавноста


Компоненти

  • Од практикантска работа до вработување и самовработување:  Обезбедување можности за практикантска работа и вработување за лицата со попреченост во компании и локални јавни институции.  Лицата со попреченост ќе добијат обука за зголемување на нивните способности за вработување.  Ментори од  компаниите и институциите кои ќе ангажираат лица со попреченост  ќе добијат обука за да го препознаат, вреднуваат и правилно да го искористат придонесот на лицата со попреченост во нивните организации. Обуки за претприемништво како и бизнис консултации и советодавни услуги ќе бидат обезбедени за лицата со попреченост кои сакаат да започнат со сопствен бизнис.
  • Прашањата во врска со попреченоста да се направат видливи за приватниот сектор и заедницатаПодготвување и дистрибуирање на видеа и други промотивни материјали преку кои ќе бидат претставени најдобрите практики и успешното вработување и практикантско ангажирање на лицата со попреченост.  
  • Основање на Советодавен одбор на проектот со учество на лица со попреченост:  Основање на Советодавен одбор од претставници од организации на лица со попреченост и други чинители со цел да се обезбеди нивно учество во имплементацијата на проектните активности.  Советодавниот одбор ќе биде активно вклучен во подготвувањето кампањи за подигнување на јавната свест, промотивни материјали и политики и процедури за практикантска работа и вработување на лицата со попреченост.  Одборот  ќе преземе активности за лобирање за да ја подигне свеста на креаторите на политики и другите актери во општеството за потребата од продуктивна вклученост на лицата со попреченост во општеството. 

Очекувани резултати/влијание

  • 300 лица со попреченост ќе бидат ангажирани како практиканти
  • 100 лица со попреченост ќе бидат вработени со полно работно време
  • Обука и поддршка на 50 лица со попреченост да започнат сопствен бизнис
  • 100 менаџери од компании ќе бидат обучени за ментори, со цел да ги поддржат практикантите и новите вработени од групата на лица со попреченост.
  • Изработка и дистрибуција на видеа и други промотивни материјали.

Контакт за информации

Контакт во УСАИД:  Антоанета Шкартова, раководител, askartova@usaid.gov   
Раководител на програмата: Лидија Дамческа, lidija.d@mojakariera.com.mk
Службеник за комуникации:  Ивана Србиноска, iva.s@mojakariera.com.mk