Гарантен механизам за микрофинансирање

Speeches Shim

ШТО Е ГАРАНТЕН МЕХАНИЗМ ЗА МИКРОФИНАНСИРАЊЕ?

Гарантниот механизам за микрофинансирање  е гаранција од 15 години за кредитното портфолио за поддршка на микро-претпријатија или поединци во секторите на кои им е потребен пристап до обртни средства и кредити за инвестирање за да започнат или да ги прошират своите активности. Исто така, овој гарантен механизам поддржува поединци кои бараат заеми за можностите за едукација и развој на работната сила. Гаранцијата им овозможува на институциите за микрофинансирање да им позајмат на физички лица кои во моментот не се во можност да пристапат до кредит. Со овој гарантен механизам, УСАИД мобилизира приватно финансирање за оние претпријатија – корисници на заеми- кои придонесуваат за генералната цел на Мисијата за одржлив економски раст и создавање нови работни места.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВОЈ ГАРАНТЕН МЕХАНИЗАМ?

УСАИД има потпишано договор за гаранција со две микрофинансиски организации, штедилница ФУЛМ и штедилница Можности – и двете се организации формирани со поддршка на УСАИД. Гаранцијата е со покритие од 50% и се активира во случај на заостанат долг. Штедилниците издаваат микрофинансиски кредити за нови претпријатија, микро, мали и средни претпријатија кои имаат потенцијал да придонесат за растот на македонската економија.

ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА?

За времетраење на гаранцијата, двете микрофинансиски организации издадоа 1.540 кредити, достигнувајќи целосно искористување на гаранцијата во износ од 5 милиони долари.