ПРОЕКТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ЧИСТА ЕНЕРГИЈА

Speeches Shim

Датум на започнување:  15 Април, 2013              
Датум на завршување:  15 Април 2016
Буџет на проектот:  1.7 милиони долари 
Имплементатор:  Winrock International   

Цели

Обезбедува поддршка на Владата на Република Македонија во процесот на подобрување на деловното опкружување во областа на обновливи извори на енергија и имплементирање на релевантни стратегии,  со цел да се зголемат инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, и да се намали вкупната потрошувачка на енергија и емисија на стакленички гасови.       


 Компоненти

  • Поедноставување на процесот за развој на проекти и инвестиции во обновливи извори на енергија – активностите кои ќе се преземат имаат за цел подобрување на деловното опкружување во областа на обновливи извори на енергија  
  • Воспоставување на процеси и процедури за ниско-емисиони развојни стратегии – активностите ќе се фокусираат на поддршка на Владата на Република Македонија во унапредување на правната рамка за планирање, иницирање и спроведување на процеси и процедури за намалување на емисијата на стакленички гасови со цел да се унапреди економскиот развој, да се подобри управувањето со животната средина и да се постигнат развојните цели.
  • Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија ги координира своите активности со останатите проекти на УСАИД, како и со билатералните и мултилатералните донатори, со цел да се превенира преклопување на активностите, и да се овозможи нивна синергија.

Очекувани резултати / Влијание

  • Подобрено деловно опкружување во областа на обновливи извори на енергија  
  • Воспоставен механизам за одржлив и ефикасен јавно-приватен дијалог
  • Унапредени капацитети на Владата на Република Македонија за воспоставување на национална рамка за приоретизирање на нискоемисиони развојни стратегии
  • Подобрена законска рамка во планирање, започнување и спроведување на нискоемисиони развојни процеси и процедури кои што имаат крајна цел намалување на потрошувачката на енергија и емисијата на стакленички гасови.

Контакт информации

Контакт во УСАИД:  Маргарета Липковска Атанасов, COR, mlipkovska@usaid.gov
Раководител на програмата: Самир Латиф, latifs@winrock-macedonia.org
Службеник за комуникации: Татјана Митевска, tmitevska@winrock-macedonia.org