Press Release Shim
Speeches Shim
За итна објава
Денеска, мај 9, 2018, Владата на Македонија и четирите најголеми стопански комори во земјата потпишаа меморандум за разбирање, поддржан од Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива. Меморандумот за разбирање се залага за зајакнување на дијалогот помеѓу јавниот и приватниот сектор за прашања кои влијаат врз законската усогласеност на компаниите во Македонија. Овој Меморандум за разбирање е голем чекор напред во процесот на градење на стабилна и плодна врска помеѓу стопанските комори во земјата, но истовремено и помеѓу стопанските комори и Владата.
На настанот воведни обраќања имаа Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, директорот на Канцеларијата за општ развој на УСАИД во Македонија Едвард Гонзалез, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска и директорот на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива Љубомир Димовски.
Директорот на Канцеларијата за општ развој на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалез во своето воведно обраќање истакна дека дијалогот помеѓу Владата на Република Македонија и приватниот сектор во последните месеци е зголемен. „Денешниот меморандум за разбирање е пример за зголемување на тој дијалог; тоа е договор меѓу Владата на Македонија и четирите најголеми стопански комори коишто ги претставуваат деловните интереси на бизнис заедницата во земјата; ова е навистина извонредно поради тоа што стопанските комори ги идентификуваа своите заеднички интереси, и се здружија за да се вклучат во дијалог со Владата за прашања и политиката кои влијаат на секој бизнис сектор, особено на микро, мали и средни претпријатија. Тимот на УСАИД е особено горд што е зема учество во ова здружување на коморите“. Тој уште додаде: „Иницирањето на дискусии и остварување консензус за важни прашања e вистинскиот прв чекор кој се надеваме дека ќе биде проследен со позитивни резултати кон олеснување на регулаторните оптоварувања и ќе обезбеди поттик за економскиот раст на македонскиот приватен сектор".
Премиерот на Македонија, Зоран Заев, во својата изјава ја истакна отвореноста на Владата за соработка со бизнис заедницата за постигнување на заедничките цели за создавање на поволно деловно опкружување кое поттикнува иновации и конкурентност и спроведување на кредибилни правни реформи.
Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива е имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со Сојузот на стопанските комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанска комoра на северозападна Македонија и МАСИТ. Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија и нивните интереси.
БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ
Оваа година УСАИД ја одбележува 25 годинишнината во Македонија. Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 610 милиони долари во Македонија од 1993. УСАИД работи со граѓаните на македонија за да создадат работни места, да ги зајакнат демократските институции и практики, да го подобрат интегрираното образование и да ги подготват учениците за современиот пазар на труд. Овие иницијативи, во партнерство со граѓаните на Македонија, имаат за цел да го подобрат квалитетот на живеење во Македонија. За повеќе информации посетете ја нашата веб http://macedonia.usaid.gov и Facebook страница http://www.facebook.com/USAIDMacedonia
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.