СО ЧИТАЊЕ ДО ЛИДЕРСТВО

Speeches Shim

Поттикнување на читање во слободно време
Подобрување на вештините за читање во почетните одделенија
Ана Димовска

ШТО Е ПРОЕКТОТ СО ЧИТАЊЕ ДО ЛИДЕРСТВО

Петгодишниот проект „Со читање до лидерство” со вкупен буџет од 1,7 милиони долари е една од главната активности на Мисијата на УСАИД во Македонија во секторот за образование и е дел од сеопфатната цел на УСАИД за помагање на зајакнување на граѓанското општество, медиумите, политичките процеси и етничката интеграција во Македонија. Овој проект го имплементира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ -Македонија.

КАКО РАБОТИ ОВОЈ ПРОЕКТ?

Овој проект работи со Министерството за образование и наука и со други образовни институции на:

  • Воспоставување национални стандарди за читање и математика, врз основа на резултати добиени преку инструменти за проценка на јазични и математички вештини во почетните одделенија - EGRA и EGMA, развиени од УСАИД, а прилагодени на локалните јазици и наставни програми.
  • Подобрување на професионалниот развој на наставниците преку потпомагање на регионалните мрежи на наставници за размена и широка примена на најдобрите практики, како и обуки за техники за подучување на мајчин јазик и математика;
  • Развивање дигитални ресурси за читање, математика и ресурси за решавање на проблемите и поттикнување употреба на информатички и комуникациски технологии во училницата;
  • Поттикнување на читање во слободно време - за задоволство, како и за интелектуален развој со зголемување на достапноста на ресурси за читање на локалните јазици; и
  • Креирање заеднички иницијативи кои ги поттикнуваат вештините за читање и математика кај децата од различно етничко и социјално потекло и децата со попреченост.

ШТО Е ПОСТИГНАТО?

  • Повеќе од 15000 индивидуални проценки за почетни јазични и математички вештини се направени кај ученици од почетните одделенија на македонски, албански и турски јазик од сите основни училишта во државата во текот на 4 години за да се соберат податоци за раната писмености да се направат препораки за подобрување. .
  • Повеќе од 8000 вработени во училиштата се обучени за процена и подобрување на основните вештини за читање и математика на учениците и создавање на стимулативна средина за учење во нивните училници.
  • 100000 детски книги на македонски и албански јазик се дистрибуирани во училиштата и јавните библиотеки низ цела Македонија, а објавени се детски книги и во електронска форма на македонски, албански, турски и босански јазик.
  • Над 36000 ученици, родители и наставници учествуваа во активности за промовирање на писменоста, како сесии за читање, библиотека на тркала и работилници за изработка на сликовници.
  • Воспоставена е култура на учење помеѓу 1700 наставници од 93 основни училишта преку заедници за учење кои спроведуваат акциони истражувачки проекти поврзани со писменост и математика.