ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА

Speeches Shim

Партнерство за подобра бизнис регулатива
Клучен партнер на Владата за прашањата поврзани со економските политики

ШТО Е ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБАР БИЗНИС РЕГУЛАТИВА?

Партнерство за подобра бизнис регулатива е четиригодишен проект со вкупен буџет од 1,9 милиони долари за поддршка на микро и мали бизниси во Република Северна Македонија, која помага да се подобри нивната способност да се усогласат со законските барања и да учествуваат во креирањето на политиките за мали и средни претпријатија (МСП).

ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА?

  • Едуцирани се повеќе од 1000 МСПа (од кои 46% се лоцирани надвор од главниот град) на клучни теми од областа на бизнис регулативата
  • Од стартувањето на веб порталот www.biznisregultiva.mk каде е овозможен лесен пристап до релевантни законски барања и информации за МСПа, над 4000 посетители ја провериле неговата содржина и 428 компании ги пополниле листите за проверка со цел да ја оценат нивната правна усогласеност со локалните закони.
  • Во мај 2018, четирите стопански комори потпишаа Меморандум за соработка со канцеларијата на Премиерот со цел да се воспостави Комисијата за јавно-приватен дијалог преку која коморите заеднички ги презентираат предлог политиките/препораките до министрите и заменик претседателот на Влада задолжен за економски прашања.
  • Секоја од четирите стопански комори сега има свој функционален правен оддел. Нивните претставници редовно се состануваат за да ги консолидираат мислењата на своите членови во врска со најразлични области од легислативата. Коморите изготвија над 100 препораки за законски измени кои и официјално беа доставени до релевантните владини институции. Досега се усвоени три предлог политики (продолжен рок за приватизација на земјиштето, продолжување на рокот за повластена даночна стапка од 5% данок на додадена вредност за првиот промет на станбени згради и станови, намалување на казните за помали царински прекршоци и отстранување на привремено затворање на бизниси во случај на даночни прекршоци).
  • Коморите му помогнаа на Министерството за труд и социјална политика во процесот на изготвување на новиот Закон за практикантство, кој се очекува да биде официјално усвоен во текот на 2019 година.