Speeches Shim
ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА МИГРАНТИТЕ И БЕГАЛЦИТЕ?
Проектот за заштита на правата на мигрантите и бегалците е две и пол годишна активност со буџет од 673,30о долари, кој има за цел за да ја поддржи имплементацијата на меѓународните стандарди за човекови права и правата на бегалците во Северна Македонија.
КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВОЈ ПРОЕКТ?
Во соработка асо Македонското здружение на млади правници, програмата работи на:
- Зголемување на капацитетите на владините институции и граѓанските организации (ГО) при обезбедување помош и адекватен третман на мигрантите и бегалците.
- Подобрување на соработката и прекуграничната размена на информации за прашања поврзани со мигранти и бегалци помеѓу граѓанските организации од регионот на Западен Балкан.
- Подигнување на јавната свест и едукација за прашања кои се однесуваат на мигрантите и бегалците.
- Следење на процедурите што се применуваат за мигрантите на границите, центар за притвор за странци и прифатните транзитни центри.
- Обезбедување правна помош и советување за азил и правна поддшка за жртвите или преживеаните жртви на криминал, тортура и повреди на човековите права.
- Едукација на мигрантите и бегалците за нивните права.
ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА?
- Преку проектот обучени се 228 претставници на владините институции и ГО кои обезбедуваат помош за ранливите категории мигранти и бегалци.
- Зајакната е соработката помеѓу македонските, грчките и српските ГО кои работат на прашања поврзани со мигранти и бегалци.
- 226 граѓани на Северна Македонија од 12 градови присуствуваа на 15 јавни настани – “На кафе со мигрантите”, и имаа можност директно да комуницираат со бегалците и да учат за нивните лични искуства на пат кон и во Северна Македонија.
- Преку работилници за уметничка терапија, 139 мигранти добија помош во справувањето со траумите што ги имаат доживеано откако ја напуштиле нивната матична земја.
- 20 мигранти добија бесплатна правна помош.
- Изработени се 3 видеа за подигање на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат бегалците.
- Изработени се 3 анимирани видеа за едукација на мигрантите и бегалците за нивните права и одговорности и за ризиците од нелегален транзит низ земји.
- Дистрибуирани се сликовници и анимирани филмови за децата на бегалци во транзитните кампови.
- Беше организирана хуманитарна изложба на уметнички дела изработени од бегалците.
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.