Проект за инклузија и иновации во микрофинансирањето

Speeches Shim

Инклузија и иновации во микрофинансирањето
Подобрување на финансиската писменост на студентите, земјоделците и претприемачите

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА  ИНКЛУЗИЈА И ИНОВАЦИИ ВО МИКРОФИНАНСИРАЊЕТО?

Проектот на УСАИД за инклузија и иновации во микрофинансирањето е тригодишна иницијатива во вредност од 1,4 милиони долари за подобрување на пристапот до финансиски производи прилагодени на потребите на домаќинствата со ниски примања, претприемачите и средните и мали претпријатија. Целта е создавање на нови работни места, поттикнување на економскиот раст и намалување на сиромаштијата за да и се помогне на Северна Македонија да се усогласи со критериумите за пристапување во ЕУ. Во партнерство со Сојузот на микрофинансиски организации како имплементатор, работиме на надградба на ИТ-платформата на финансиските институции; подобрување на финансиските знаења меѓу претприемачите, студентите, земјоделците и останатите во целата земја; обуки за вработените во микрофинансиските институции; помош во процесот на изготвувањето и спроведувањето на регулативата која влијае врз финансискиот сектор; и организирање на регионални форуми на теми кои се од интерес за микрофинансискиот сектор.

ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА?

  • ИТ-платформите се успешно развиени, набавени и инсталирани во три микрофинансиски организации.
  • Сдржани се триесет (30) дводневни работилници за финансиска едукација каде 743 земјоделци, претприемачи, студенти, жени и Роми ги јакнеа своите капацитети да станат квалитетни клиенти на небанкарските финансиски институции
  • Над 110 вработени кои работат со клиенти и 76 вработени во административната поддршка на микрофинансиските организации ги подобрија своите вештини за управување со клиентите и управување со финансиите.
  • Беше организиран регионален форум за Платежни услуги за подобра финансиска инклузија со претставници на Министерството за финансии и Народната банка на Северна Македонија, Албанија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Србија, како и кредитни унии од Ирска, САД, Велика Британија, Молдавија и Полска. Форумот им помогна на Министерството за финансии и Народната банка на Северна Македонија да го зајакнат нацрт-текстот на новиот Закон за платежни услуги.
  • Во партнерство со Народната банка и националното координативно тело за финансиска едукација и инклузија, УСАИД го поддржа креирањето на изданието "Паметно управување со пари - водич за личните финансии".
  • Проектот им помогна на микрофинансиските организации да ја подобрат усогласеноста со Меѓународните стандарди за финансиско известување.
  • Над 200 вработени беа обучени за спречување на перење пари и спречување на финансирање на тероризам.
  • Сојузот стана признаен, релевантен партнер на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во доменот на микрофинансирањето, активно вклучен во јавно-приватниот дијалог и изготвувањето на предлог-политики, обезбедувајќи професионални решенија базирани на докази.