Програма за зголемена конкурентност и отчетност во политичкиот процес

Speeches Shim

Залагање за поголема политичка конкурентност и отчетност во Северна Македонија
Залагање за поголема политичка конкурентност и отчетност во Северна Македонија

ШТО Е ПРОГРАМАТА ЗА ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ ВО ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС?

Финансиран преку Конзорциумот за зајакнување на изборните и политичките процеси (CEPPS), овој осумгодишен проект вреден 9,7 милиони долари се спроведува во соработка со Меѓународниот републикански институт (IRI), Националниот демократски институт (NDI) и Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) за промовирање на политичката компетентност и отчетност во Северна Македонија.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВАА ПРОГРАМА?

  • Зајакнување на капацитетот на парламентот за изготвување на закони, извршување на надзорната и репрезентативната функција, и соработка со извршната власт, граѓанските организации и гласачите.
  • Зајакнување на граѓанското општество со цел подобро следење на парламентарните и владините активности, придонес во креирањето на политики и нивни дискусии, и приближување на пратениците кон избирачите.
  • Поддршка на Државната изборна комисија (ДИК) да ги подобри изборните процеси, да се подобри капацитетот на организацијата, да се воведе информатичка технологија, да се основа правно одделение, да се воспостави систем за решавање на правните спорови и поплаки, да се подобри избирачкиот список и да се спроведе систем за едукација и односи со јавноста.
  • Поддршка на владата да постигне консензус и да развие и имплементира практики на добро владеење, внатрешна соработка и координација за утврдување на итни приоритетни прашања во и помеѓу клучните министерства, и помеѓу законодавната и извршната власт.

ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА?

Политичките партии добро ја разбираат потребата да бидат инклузивни во однос на вклучување на граѓаните со различна етничка припадност и да ги креираат јавните политики според потребите на граѓаните. Граѓанските организации го зајакнаа својот ангажман во институционалната политика, како застапници на гласачите во правните процеси. Парламентот го зголеми својот капацитет за да ја обезбеди својата задолжителна уставна надзорна улога во извршната власт. Жените политичари и членови на парламентот се подготвени да соработуваат со своите противници за заеднички прашања. Два изборни циклуси беа успешно завршени, демонстрирајќи го не само независниот законски статус, туку и способноста правилно да се спроведуваат изборите.