Проект за граѓанско учество

Speeches Shim

Јакнење на свеста меѓу младите за граѓанското учество
Влијанието на младите во креирањето јавна дискусија за родова еднаквост преку граѓански иницијативи
Наташа Станковиќ

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО?

Проектот на УСАИД за граѓанско учество е петгодишна иницијатива, со буџет од 9.4 милиони долари, и претставува водечка програма на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија за зајакнување на дијалогот помеѓу граѓаните и власта во однос на значајни прашања од јавен интерес. Проектот, имплементиран од Ист Вест Менаџмент Институт (East-West Management Institute – EWMI) од Њујорк, САД, активно работи на градење на капацитетите на граѓанските организации, како индивидуално така и преку мрежи на граѓанските организации, за подигнување на јавната свест и поголема проактивност вклучување на владините претставници во решавањето на прашања од јавен интерес, како заштита на животната средина, добро владеење, заштита на правата на ЛГБТИ заедницата и зајакнување на учеството на младите.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВОЈ ПРОЕКТ?

Проектот на УСАИД за граѓанско учество го спроведува Ист Вест Менаџмент Институт во партнерство со четири граѓански организации од Северна Македонија. Со Асоцијацијата за демократски иницијативи и Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, тимот на проектот работи на доделување грантови за локалните граѓански организации и нивните мрежи. Со третиот партнер, Националниот младински сојуз на Македонија (НМСМ), работи на зајакнување на учеството на младите на возраст од 18 до 25 години како „стипендисти“ на проектот, да планираат и реализираат мали активности од поширок интерес на нивните заедници. Четвртиот партнер на проектот, Фондацијата Отворено општество ‒ Македонија (ФООМ), ја координира и спроведува поддршката за градење на капацитетите на грантистите.

Проектот за граѓанско учество е дел од основните цели на УСАИД за зајакнување на граѓанското општество, медиумите, политичките процеси и етничката интеграција во Северна Македонија. Крајната цел на проектот е да придонесе кон видливо зајакнување на можностите на граѓаните, преку вмрежувања, непрофитни организации, во вклучување на владини претставници и државни органи во оддржливо решавање на прашања од клучно национално значење.

ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА?

Досега, преку проектот се доделени 66 грантови на граѓански организации во вредност од над два милиони американски долари. Избрани се 39 стипендисти кои самостојно реализираат активности од мал размер на ниво на заедницата. Проектот обезбеди видео-камери, проектори и обука за грантистите, со цел да помогне во промоција на граѓанското учество користејќи ги електронските медиуми. Исто така, преку проектот се доделува годишната Награда за младинско учество - оваа година тоа беа две млади лица и една младинска група од Северна Македонија на кои им се даде признание за нивниот значаен придонес во заедницата.