Проект за деца со пречки во видот

Speeches Shim

Читање книга на Браево писмо
120 наслови на учебници и 20 лектири беа изработени на македонска и албанска браева азбука

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО ВИДОТ?

Пет и пол годишниот Проект  за деца со пречки во видот, со буџет од 577.000 долари има за цел да ги зголеми квалитетот и достапноста на образовните можности за учениците со пречки во видот; рана детекција и превенција на очни болести, мобилност и пристап до информации за лицата со оштетен вид и нивните семејства; и да ја зајакнат работната подготвеност на младите со оштетен вид. Овој проект го имплементира Универзитетот на Југоисточна Европа во партнерство со Меѓународната фондација на Лајонс Клубовите, која вложи дополнителни 504.000 американски долари, со што вкупната сума на проектот изнесува речиси 1.1 милиони долари. Партнерството помеѓу УСАИД и Меѓународната фондација на Лајонс Клубовите на глобално ниво за прв пат се имплементира токму преку овој проект во Македонија.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВОЈ ПРОЕКТ?

Тимот на проектот заедно со своите партнери работи на рано откривање на оштетувања во видот, продуцира едукативни материјали за децата со пречки во видот, обезбедува индивидуална помош во петте ресурсни центри (во Скопје, тетово, велес, Штип и Битола), спроведува разни програми за подигање на свеста за промовирање на инклузивно образование и им помага на младите со оштетен вид да стекнат соодветни животни вештини.

ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА?

  • Зајакнување на ресурсните центри: Ресурсните центри постепено се збогатуваат со материјали за читање испечатени на Брајово писмо. Сите 120 наслови на учебници и уште 20 романи се испечатени на македонски и албански со Брајова азбука. Дополнително, снимени се 76 аудио книги, и повеќе се во подготовка. Покрај тоа, секојдневно корисниците ги користат опремата и уредите во центрите, (дигитални зголемувачи, машини за пишување на Брајова азбука, печатачи на Брајова азбука, паметни табли, уреди со сензори на допир). Повеќе од 200 дефектолози од целата земја добија поддршка и обука во ресурсните центри. Проектот редовно организира инклузивни спортови, уметност и други активности на отворено за речиси 100 деца со оштетен вид.
  • Зголемување на очните скрининзи: Направени се над 23.000 очни скринизни за деца. Потребата за овие очни прегледи е висока, а офталмолозите кои соработуваат со овој проект, со зголемен интензитет ги спроведуваат овие прегледи на цела територија на Македонија. Проектот спроведува презентации за родителите и дистрибуира летоци за Програмата на Лајонс за здравствена заштита и организира настани и дебати за подигнување на јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат лицата со оштетен вид.
  • Подобрен систем на поддршка за лицата со оштетен вид: Новоформираниот Центар за поддршка на Црвениот крст за лица со оштетен вид во Скопје обезбедува различни услуги за повеќе од 200 корисници, вклучувајќи редовни психолошки и кариерни советувања, развој на вештини за зголемување на работната подготвеност (сертифицирани курсеви за обука за ИТ вештини, англиски јазик, пишување на Брајова азбука, работилници за корисни животни вештини, мобилност и ориентација), спорт (редовни часови за пливање и прошетки) и уметнички работилници за да им се помогне на луѓето со оштетен вид да се дружат и да живеат поздрав живот.