Speeches Shim
David Atteberry, Country Representative USAID Macedonia spoke to MTV's Lidija Chakar about USAID's 25 Year Anniversary in Macedonia.
Video Transcript
Најнапред честитки за јубилејот, четврт век УСАИД во Македонија. Кажете ни нешто повеќе за историјата на УСАИД?
Дејвид Атебери - Најнапред, за гледачите кои не се запознаени со работата на УСАИД - УСАИД е водечката агенција на Владата на САД која е одговорна за обезбедување на развојни и хуманитарни помош .
Нашите корени, доколку се навратиме во историјата, потекнуваат во годините по завршувањето на Втората светска војна, кога Владата на САД се заложи за изградба и реконструкција на Европската инфраструктура и економија. Нашите почетоци датираат уште оттогаш. Всушност, УСАИД е воспоставен 1961 година за време на администрацијата на претседателот Кенеди, истата година кога Мировниот корпус на САД беше создаден. Верувам дека македонските граѓани знаат за Мировниот корпус. Имаме долга историја во развојот уште од почетоците на 60-тите години, со нашата поддршка за развој на инфраструктурана и техничка поддршка. Во 70-тите нашиот фокус беше во насока на обезбедување на хуманитарна поддршка за основните човекови потреби, како здравството, образованието, агрокултурата. Додека во 80-тие, фокусот на УСАИД беше насочен кон поширок економски развој, а пак во доцните 90-ти за првпат ги воведовме програмите за демократија и владеење на правото. Овде во Македонија, по осамостојувањето бевме поканети од страна на Владата на Македонија во 1992, додека нашата мисија овде во Скопје ја отворивме во март 93-тата година.
Што тоа значи за УСАИД, за граѓаните на Македонија и за бизнис заедницата?
Дејвид Атебери - Најнапред, ви благодарам за можноста за ова интервју утринава. Ја одбележуваме 25-годишнината на УСАИД во Македонија. Тука сме уште од осамостојувањето на Македонија. Слоганот на нашата кампања е “Вистински пријатели” што всушност и ја отсликува соработката помеѓу американскиот и македонскиот народ. Во текот на следните 2-3 месеци, преку ТВ интервјуа, креативни решенија, емисии на радио станиците ќе споделуваме како нашите програми во текот на изминатите години влијаеја врз промена на животот на луѓето во Македонија преку лични примери.
УСАИД изминатите 25 години имплементираше и реализираше многу проекти во текот на изминатите 25 години. Би сакале ли да се осврнете на некои од нив?
Дејвид Атебери - Се разбира. Најнапред би сакал да истакнам дека ова е навистина партнерство. Кога велам проекти на УСАИД, да, - ние ги финансираме и обезбедуваме поддршка, но тие проекти се во сопственост и се наменети за македонските граѓани кои ги спроведуваат и управуваат овие проекти., Токму затоа е навистина важно да се разбере дека станува збор за партнерство помеѓу нашите две земји.
Во текот на изминатите години, беа реализирани многу достигнувања. Но има неколку кои според мене се истакнуваат. Едно нешто што треба да запаметите е дека многу од резултатите од програмите за поддршка овде во Македонија се резултат на палета на проекти. Би сакал да зборувам за резултатите од проектите кои беа реализирани пред 10-15 години и кои се веќе завршени, но сеуште имаат ефект и траат, бидејќи тоа е доказ за успехот на програмите – доколку истите продолжуваат иако проектот е веќе завршен. Имавме неколку успешни проекти – на пример, во областа на развој на бизнисите. Еден од моите омилени успешни приказни е поврзана со млечната индустрија. Во 2002 година, Македонија не ги извезуваше производите од млечната индустрија, но по нашата поддршка преку некои од нашите проекти, по само 4 години, се создаде извоз вреден над 1 милион на млечни производи во регионот, а денес овој бизнис станува мулти милионски – млеко, сирење, јогурт и е навистина проширен.
Друг проект кој за мене е интересен е поврзан со создавање на услови за авантуристички туризам кој во минатото воопшто и го немаше. Во истиот временски период, 2002 година, го претставивме концептот за авантуристички туризам. Туризмот отсекогаш бил развиен во Македонија, но концептот на авантуристички туризам беше нов. Овде се подразбирапланински планинско пешачење, парасејлинг, планински велосипедизам и слично. Ги поставивме основите на авантуристичкиот туризам со тоа што донесовме триесет Европски туроператори во Македонија и новинари кои направија тура околу руралниот дел на Македонија со цел да го претствиме концептот за авантуристички туризам и во текот на првите 5 години туристите од странство, односно авантуристичкиот туризам двојно се зголеми, за денес да биде 4 или 5 пати поголем во споредба со периодот кога започна во 2002 г.
Исто така, има и неколку проекти во областа на економскиот развој. Во областа на образованието, УСАИД е уште од раните 90-ти години. Успешните приказни од овој домен е воспоставувањето на факултетот на Југоисточна Европа кој беше првиот мулти-јазичен и мулти-етнички универзитет во Македонија. Друго достигнување во областа на образованието е проектот Македонија се поврзува (Macedonia connects) и целта и идејата на овој проект беше да се поврзе секое училиште во Македонија на интернет. Тоа беше навистина амбициозен потег и визија за земјата. Преку низа на активности, во 2005 г., околу 450 училишта беа безжично поврзани на интернет и Македонија стана препознатлива како првата земја во светот со толкав број на население која е беше безжично поврзана. Тоа беше навистина убава програма. Уште еден придобивка од овој проект беше разбивањето на монополот на провајдерот на интернет услуги при имплементацијата на оваа програма, што во голема мера резултираше во намалување на трошоците за интернет и до 70%. Од ова секако целото население имаше корист. .
Во кои области најчесто се проектите на УСАИД?
Дејвид Атебери - Овде во Македонија, работиме во три главни сектори со широко развиени програми во областа на економскиот развој, демократија и добро владеење и образованието. Овие области се слични со програмите кои ги работиме во целиот свет. Работиме во повеќе од 100 земји во целиот свет и многу од програмите се слични. Во областа на економскиот развој, во суштина се однесува на создавање на работни места и вработување, како и создавање на широко распространет правичен економски раст во рамките на земјата. Ова го правиме преку трите основни пристапи. Првиот е зголемување на конкурентноста на индивидуалните бизниси и претприемачи, а како конкурентност понекогаш може да биде нешто едноставно како учење на малите бизниси за едноставни идеи како маркетинг, контрола на средствата, сметководство, додека за пософистицираните бизниси, обезбедуваме тренинзи или учество на саеми за трговија на пример, со што се создаваат врски со други надворешни пазари. Тоа е една област во која ја даваме нашата поддршка.
Другиот сектор во кој делуваме се однесува на демократија и владеење на првото, каде во основата на работењето е работата со цивилното општество и тоа е засилување на гласот и улогата на цивилното општество и владеење. Ова е нешто што во рамките на мојата кариера и во рамките на целиот свет, без разлика дали сте во Јужна Америка, Африка или Азија, една од задолжителните и основните активности на силната демократија и цивилното општество е да имаат право на глас и улога во нештата кои имаат влијание врз нивните животи, секојдневно. Затоа е навистина важно да се засили гласот на цивилното општество.
Другиот аспект на демократија и владеење се однесува на постоење едноставни процеси, правејќи ги поефикасни и потранспарентни. На пример, соработувавме со Државна изборна комисија да стане поефективна, поефикасна за да може да ги спроведе изборите на потранспарентен начин.
Третиот аспект на програмите во рамките на секторот демократија и владеење со кои работиме овде во Македонија, а и во светот, е изнаоѓање на баланс помеѓу извршната, судската и законодавната власт. Навистина е важно да постои урамнотеженост помеѓу овие три аспекти за демократското општество.
Ова се однесува за демократија и владеење.
Третата област во која посветивме значително внимание е образованието. Во полето на образованието, првенствено е инвестирано во тренинзи за наставниците, како и развој на основните вештини за описменување – читање и математика. Тоа беше навистина важно. Направивме многу во минатото и во однос на стручното образование, но нешто друго што е особено значајно, се програмите за реновирање на училиштата. Реално реновиравме речиси 50% од училиштата во Македонија.
Тоа се трите главни сегменти од поддршката на УСАИД за Македонија.
Која е вкупната сума што УСАИД ја има инвестирано во Македонија?
Дејвид Атебери - Во изминатите 25 години беа инвестирани над 600 милиони долари, што е навистина значајна сума на пари, но јас не би се фокусирал толку на износот на средства, бидејќи тоа всушност не ја кажува целосната приказна. Целта на сите наши проекти е да послужат како овозможувач , катализатор, и мултипликатор, бидејќи ефектите од активностите се мултиплицираат и на други сегменти. Имајќи го тоа предвид, постојат неколку носечки проекти кои ги реализиравме во текот на изминатите години, но мене лично ми се омилени оние помалите проекти, каде износот на паричните средства не е индикатор на важноста и вредноста на програмата. Воведовме неколку мали програми кои ги вклучуваат лицата со попреченост, потоа програми кои се однесуваат на човековите права и инклузија. За мене, тие се едни од најважните и најуспешните програми во Македонија. Овде би ги споменал MYLA – македонската асоцијација на млади правници, која вклучува тренинзи за студентите на првните факултети во областа на човековите права. Она што може да се забележи е дека првните факултети не ја вклучуваат тематиката за човековите права во рамките на своите образовни програми и затоа оваа програма претставува надополнување, преку чии тренинзи поминаа стотици млади студенти во областа за човековите права. За мене ова е особено важно, бидејќи претставува мерило за успешно демократско општество, бидејќи го покажува начинот на кој всушност државата се грижи за најранливите категории на граѓани. Тоа е показател за успешна демократија.
На што ќе се фокусирате во следниот период?
Дејвид Атебери - Ви благодарам. Поддршката останува како и досега, и од практични причини ќе продолжиме со истата динамика по истата патека по која чекориме изминатите 25 години. Во однос на секторите во кои делуваме, генералната цел на нашите програми е обезбедување на поддршка за интеграција на Македонија во НАТО е ЕУ . Тоа е она што ќе остане исто како и досега. Ќе останеме посветени на унапредување на економскиот развој на земјата, бизнисите, вработувањата, создавање на извозен потенцијал. Истото се однесува и за секторите за демократија и образование – секторите ќе останат како и досега, а исто така ќе останеме фокусирани и на темите кои вклучуваат социјална инклузија и млади, бидејќи младите се иднината на земјата. Едно од работите кои лично сакам да се посветам е создавање на работни места и вработување на кои треба повеќе да се фокусираме во општините и руралните области. Би сакал да видам повеќе програми за создавање повеќе можности за вработување и бизнис можности надвор од Скопје и да ги задржиме младите во своите општини. Кога патувам наоколу и разговарам со младите, а имам зборувано со неколку групи на млади и групи кои работат во областа на цивилното општество, зачудувачки е колку групите кои работат во областа на цивилното општество се водени од страна на младите. Македонија е преполна со неверојатно бистра, интелигентна и младина полна со енергија и мора да создадеме можности тие да останат – да останата во нивните општини и да не чувствуваат потреба дека мора да дојдат во Скопје или во друг случај да мигрираат надвор од Македонија. Македонија треба да ги задржи оваа енергична и оптимистична група од популацијата.
Ви благодарам
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.